Friday, October 2, 2015


                                              * ЗА *

                                  *-----АВТОРИТЕ-----*               






                     

       

                 

                               

                         




                            Антон Панов

Антон Панов (Стар Дојран13 април 1906 – Струмица28 август 1968) — истакнат македонски драмски писател. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затварани и испраќани на заточени. И таткото на Антон Панов Ѓуро ке биде затворен и испратен на заточение во Беаз - Куле во Солун. Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а уметничкото од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката, кои биле талентирани за драмски импровизации. Уште како мал Антон чиракува во дуќанот на татко си, иако не го сакал тој занает- трговијата. Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите. Во 1933 година тој ќе ја предаде драмата на Народниот театар во Белград, но тие не биле заинтересирани и ја одбиле иако тамошниот режисер сакал да ја прифати. Кога режисерот ќе премине на работа во Скопскиот театар, ќе ја побара драмата. Премиерата се одржала на 03.03.1936 година. По театарската сезона, Панов отишол во Петроварадин каде се оженил.Во македонската книжевност Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана намакедонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 г., а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград иСкопје. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.

                        Глигор Поповски

Глигор Поповски (БудинарциБеровско1 април 1928 - Скопје14 мај2007) - македонски писател за деца, поетраскажувачромансиер и преведувач.Глигор Поповски е роден на 1 април 1928 година, во малешевското село Будинарци. Се школувал во родното село, во Берово и во Струмица, а во Скопје завршил учителска школа. Во 1949 година се вработил во редакцијата на „Пионерски весник“, најпрвин како илустратор, а потоа како соработник. До пензионирањето во 1988година работел во „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ како уредник на неколку детски списанија („Титов пионер“, „Развигор“, „Другарче“ и „Росица“), а потоа неколку години бил главен уредник на издавачката дејност.[1]Својата прва книга „Сказна за Вилен“ Поповски ја објавил во 1953 година. Потоа, Поповски напишал над 30 книги за деца, неколку сликовници, две телевизиски серии за деца, неколку телевизиски игри за деца и повеќе радио-драми за деца. Исто така, има преведено десетина книги за деца од руски и српски јазик, а неговите дела се преведени на албански, турски, српски, хрватски и словенечки јазик.[2]
Позначајни дела на Поповски се:[3]
  • Сказна за детето Вилен (1952)
  • Цвет (поезија за деца, 1953)
  • Дрварче (раскази за деца, 1954)
  • Росица (поезија за деца, 1956)
  • Далечен свет (раскази за деца, 1957)
  • Со тротинет по цел свет (поезија за деца, 1958)
  • Било едно дете (раскази за деца, 1959)
  • Мостот (роман за деца, 1959)
  • Црвената рака (роман за деца, 1961)
  • Парада за цвеќињата (поезија за деца, 1964)
  • Чудо во гората (поезија и раскази за деца, 1965)
  • Сказни за Возовија (1967)
  • Сказна за најјунакот (поезија за деца, 1969)
  • Што има зад тополите (раскази за деца, 1969)
  • Морнарот Неп (сказни за деца, 1971)
  • Билјана (раскази за деца, 1972)
  • Испит (роман за деца (1972)
  • Бојан (роман за деца, 1973)
  • Кога тато вози (1977)
  • За поубав свет (поезија за деца, 1978)
  • Планино, убавино (роман за деца, 1979)
  • Разговори за сообраќајот (раскази за деца, 1980)
  • Најтемната ноќ (повест, 1981)
  • Човек со човек (поезија за деца, 1982)
  • Добри мои, добар ден (песни и раскази за деца, 1983)
  • Учителката (роман за деца, 1984)
  • Елен Камен (сказни, 1988)
  • Другата страна (роман за деца, 1991)
  • Шеп, шеп, шеп (гатанки, 1991)
  • Поповски е добитник на повеќе награди: „Младо покољење“ (за книгата „Билјана“); „Партизански курир“ (за своето целокупно творештво на тема на НОБ); „13 Ноември“ (за книгата „Најтемната ноќ“); статуетата „Курирче“ (за севкупната дејност); како и две награди на „РТВ-Скопје“ и СВП за најдобра книга за деца („Што има зад тополите“ и „Испит“).[4]

       Видое Подгорец

Видое Подгорец (Колешино8 јуни 1934 - Скопје14 април 1997) — еден од најплодните македонски писателипатописец,поетраскажувач и романописец за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели. Објавил голем број стихозбирки, раскази и романи.
Видое Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино, во сиромашно семејство. Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Потоа, со неполни шеснаесет години, почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, па затоа, студирал како вонреден студент. Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска литература. Потоа, три години работел како училишен инспектор за Штипската околија, а во 1962 година се вработил во Скопје, во „Нова Македонија“, т.е. во редакцијата „Детска радост“, како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“.[1] Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Починал на 14 април 1997 година во Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година.[2]Видое Подгорец започнал да пишува додека бил ученик во учителската школа во Штип, а малку подоцна, непосредната работа со децата (како учител) имала пресудно влијание за неговата определба за детската литература. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели: само во првите десетина години од своето творештво, веќе објавил околу триесет книги! Неговите дела се преведувани на повеќе јазици, и тоа: српскихрватскисловенечкитурски,албанскирускиукраинскиполскичешкисловачкибугарски итн. Тој пишувал поезија и проза за возрасни и за деца, а се занимавал и со книжевна критика и есеистика, а покрај тоа, има објавено серија патописи од неговите патувања по Блискиот Исток. Во продолжение, тој е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: „Незавршена приказна“ (заедно со Михо Атанасовски) и „Чудесно патување“. Исто така, тој е уредник на две антологии: „Гулаб на мирот“(избор на раскази за деца) и „Вртешка“ (избор на песни за деца). Во 1969 година, издавачката куќа „Наша книга“ од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги.

      Стале Попов


Стале Попов (25 мај 1902 - 10 март 1965) — македонски раскажувач и романописец.Роден е во селото МелницаМариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделецдрваровчартрговецбакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.[1]Во текот на НОБ го помагал партизанското движење, додека за време на бугарската окупација на Македонија бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов станува претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работи како управник на Шумската дирекција, за на крај, се до пензионирањето, да и се посвети на педагошката дејност какопрофесор по македонски јазик во Прилеп и Скопје. Починал во Скопје на 10 март 1965 година.