Божин Павловски
Божин Павловски (7 јануари 1942, с. Жван, Демирхисарско) е познат македонски писател[1] и поранешен член на МАНУ. Тој живее и твори во Скопје и Мелбурн.
Во 2013 година од страна на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија е утврдена неговата соработка со тајните безбедносни служби на поранешната СФРЈ.[2] МАНУ ја има осудено ваквата одлука.Завршил Филозофски факултет во Скопје, и извесно време работел како новинар во „Трудбеник“, „Млад борец“ и „Нова Македонија“. Основач е на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, и бил долгогодишен главен уредник на истата. Исто така, основач е на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Оваа издавачка куќа ги издава весниците „Денес“ и „Македонија денес“ кои се вбројуваат меѓу највлијателните етнички весници во Австралија, САД иКанада. „Роман за моето заминување“ ја освои наградата за најпродавана книга на Меѓународниот саем на книгата во Скопје (2002 г.), а „Патувањето со Љубената“ ја доби Интербалканската награда за книжевност во Солун (2002 г.). Моментално е главен уредник на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје (од 1996 година). Бил член на Македонската академија на науките и уметноститеи на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 до 2013 година).Иако Божин Павловски е добитник на многу престижни литературни признанија, неговата кариера ја следат и некои негативни критики за неговото дело, за кое на неколку наврати се зборува дека е плагијат. Во 1992 година излегува книгата на Атанас Вангелов, наречена „Преписите на Божин Павловски“. Во 2003, студентката по компаративна книжевност, Маја Серафимовска, покренува тужба против него, бидејќи Павловски наводно и го негирал коавторството на автобиографскиот роман „Патување со љубената“.
Во јули 2013 година, Комисијата за верификација спровела процес на лустрација против Божин Павловски и утврдила дека тој соработувал со тајните служби. Со остри реакции против ваквата одлука се изјасниле Друштвото на писателите на Македонија, како и академиците Катица Ќулавкова и Георги Старделов.[3][4] Во знак на протест, Павловски го повлекол своето членство во МАНУ и Друштвото на писателите на Македонија
No comments:
Post a Comment