Горјан Петревски
Горјан Петревски е роден на 14 јули 1951 година во село Мренога, Демир Хисар. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование стекнал воприлепската гимназија. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје во групата на јужнословенска книжевност.
Работел десетина години како новинар на Македонската Телевизија на програмата за деца, а во 1986 година преминал на работа во НИП „Нова Македонија“, каде што работел во забавникот за млади „Наш свет“, а, исто така, бил и одговорен уредник на списанието „Развигор“, како и одговорен уредник на издавачката дејност во издавачката куќа „Детска радост“.[1]
Горјан Петревски е писател со ретка дарба чии книги (романи и раскази) привлекуваат големо внимание на читателите и побудуваат голем интерес. Најчесто, тоa е поради неговата непосредност, лирските нијанси во делата како и поради чувствата што се раѓаат кај младите, првите љубови.
Горјан Петревски напишал голем број дела меѓу кои можат да се наведат следниве наслови:[2]
- "Гороцвет" (1973, раскази),
- "Земјата од сонот" (1980, раскази),
- "Тажниот свирач" (раскази,паралелен превод на хрватски и македонски јазик, објавена во Сараево во 1986 година),
- "Татковите солзи" (втора награда на конкурсот на "Детска радост" за најдобра книга со раскази распишан во 1984 година),
- "Задоцнети писма од Споменка" (1990, лирски записи кои на барање на читателите излегувала долго време како продолженија во "Наш свет"),
- "Татковата прва љубов" (1997, поетско-прозни записи),
- "Пролетни дождови" (сказни работени според народни мотиви инспирирани од приказните за животни на Марко Цепенков, за која во 1998 година ја добил престижната награда "Ванчо Николески" за книга на годината што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија),
- "Споменка" (1982, две изданија, откуп на конкурсот на "Детска радост" за најдобар роман),
- "Марта" (1989, најтиражен роман, преобјавуван во осум изданија и влезен во лектирата за седмо одделение),
- "Снеговите на Климентина Евин" (1991, три изданија, роман адаптиран и како радио драма за деца и млади, лектира во основното образование),
- "Далечна љубов" (1992, роман со две изданија кај издавачите "Детска радост" и "Матица македонска"),
- "Исти очи" (1993, четири изданија, роман кој по својата популарност самиот по себе се наметнува како лектира во осмите одделенија),
- "Вечниот ветар" (2000, две изданија, љубовна приказна за млади, роман кој според анкетата на емисијата "Ѕвон" при Македонската радио телевизија е прогласен за најпродавана книга за млади во 2001 година и чие прво издание се распродава за четири месеци)
- "Рано дојде љубовта" (проза, за која ја добива наградата "Свети Климент" за најбарана книга во 2002 година, а ја доделува НУБ "Свети Климент Охридски")
- "Сама"(2003, роман).
No comments:
Post a Comment