Јован Павловски
Јован Павловски (Тетово, 10 август 1937) — македонски поет, раскажувач, романсиер, писател за нaјмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва [1].Од 1980 до 1986 г. е вонреден професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Унивезитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Актуелен уредник на месечникот „Македонско време“ (на македонски јазик) и The Macedonian Times (на англиски јазик).
Изразит лиричар во првата збирка поезија „Август“, каде што чувствувањето на светот беше слеано со тревите, потоците, облаците, ѕвездите. Во подоцнежното поетско творештво епичар во непосреден дијалог со секојдневното, дури и со тривијалното, со минатото и историските случувања како потрага по сопствениот идентитет. Во прозата, неговата постапка ја одредуваше животниот податок и документот. Романот „Сок од простата“ го привлече вниманието како литература од типот на Хенри Милер и Буковски, во која еротското се преплетува со социјалното и политичкото. Пишува и литература за деца во која можноста за надминување на морализаторскиот принцип ја гледа во елементот на играта, која, пред сè, се остварува во јазикот. Неговата публицистика има документарен карактер со логички анализи, свртена, главно, кон самобитноста на македонскиот народ.Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор e на педесетина (прво издание) книги.
No comments:
Post a Comment