Friday, October 2, 2015

                                    Лектира Пипи Долѓиот Чорап

И еве како што гледате повторно продолжувам со статиите со кои сакам да ве навратам назад во училишните денови. Претпоставувам сигурно се сеќавате на малото симпатично девојче со бујни плетенки и многу бемки на лицето - Пипи долгиот чорап. Овој роман ѝ донесе светска слава на маестралната писателка, Астрид Линдгрен, која после ова дело за многумина стана една од најомилените.
Се работи за симпатичната и мила девојка Пипи, ќерката Ефраим Лонгстокинг, капетанот на бродот Хоптоад, кој заминува на долга пловидба низ отворено море, а Пипи останува да живее сама во својата куќа во едно мало место, во „вилата Вилекула’’, заедно со својот мајмун Нисон и својот коњ Алфонзо.
Пипи е неверојатно интелигентна за својата возраст, има и одлична смисла за хумор, а на нејзиното лице секогаш блеска со полна насмевка. Нејзини најдобри пријатели се нејзините драги соседи - Томи и Аника Шетергрен. Нивната мајка, г-ѓата Шетергрен, условно кажано по малку ја задеваше во поглед на нејзиното образование и тоа што живее со животни. Тие заеднодоживуваат многубројни авантури кои речиси секогаш завршуваат на комичен начин,а тие се разбира излегуваат како победници.
Како Пипи долгиот чорап тргнува на училиште? На кој начин таа „игра’’ брканица со полицајците? Како таа заедно со Томи и Аника организира „протест’’ во малото место? И кои се многуте луди авантури кои Пипи ќе ги доживее со своите пријатели? - откријте низ страниците на ова прекрасна книга, за која верувам дека оствавила трага на смеа, кај секој оној што ја прочитал.
Еден ден кога татко и на Пипи се враќа во „Вилекула’’ за да ја земе со себе и да ја однесе во нивниот дом на Северниот пол, Пипи одбива да замине со него. Таа решава да остане каде што е и заедно со своите пријатели и домашни миленичиња да се впушти во уште полуди авантури...
Се надевам дека статијава ви беше одлично потсетување за овој бисер на Линдгрен и ве поттикна во најскоро време повторно да ја прочитате и да влезете во забавниот свет на Пипи долгиот чорап. Уживајте максимално...

No comments:

Post a Comment