Бранко Пендовски
Гимназија завршил во Штип, а Филозофски факултет-група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ, во Скопје. Во школската 1965-66 година, како стипендист на француската влада, во Париз, на Сорбона ја проучува современата француска драма.
Првите години по ослободувањето работел како наставник во Кочани, како младински раководител во Штип и Струмица, како новинар во “ Млад борец “, а подоцна како рецензент во “ Нова Македонија “ и како главен уредник во литературниот весник “ Разгледи “. Потоа работи како уредник во Книгоиздателството “ Кочо Рацин “ и како главен уредник и директор во издавачката организација “ Култура “ , во Скопје.
Бил член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1953 година.[1] Подоцна станал претседател на ДПМ. Добитник е на наградата Војдан Чернодрински.
Починал на 10 септември 2011 година во Скопје.[2]Бранко Пендовски е автор на повеке драмски дела во кои главно доминира настојувањето да се доловат пулсациите на нашата сегашност, да се одгатнат плимите и осеките низ кои се пробива таа. А тоа секако не е факт кој може без поголеми впрегнувања да се изоди, нити пак само по себе ветува пофалби и аплаузи.
По видливото определување на Бранко Пендовски за драмската литература дојде до израз во текот на 1969 година, кога неговата пиеса “Под пирамидата“, беше откупена со зголемен откуп на конкурсот што го распиша Македонскиот народен театар. На овој конкурс исто така беше откупена и пиесата “Студенти“ додека кон крајот на оваа, без сомнение ретко плодна, па дури може да се рече пресвртна година во творештвото на Бранко Пендовски, се соочивме и со неговата пиеса во два дела “Не сакам да умирам полека“. Првата пак проверка на животворноста на неговите драмски зафати, првата средба со сцената уследи со изведбата на пиесата “Под пирамидата“, чија премиера се одржа кон крајот на 1971 година. Наскоро потоа ги напиша и драмите “Потоп“ и “Пречек“, а исто така и телевизиската игра “Делба“ со што изби во редот на попродуктивните наши драмски автори, иако драматургијата е релативно понова негова преокупација.
друштвото за заем што ми дава заем од 5.000.000,00 УСД Кога другите инвеститори за заеми ја занемаруваат мојата понуда, но г-ѓа Бенџамин ли ми даде кредит за успех.Тие се директно во финансирање на заем и проект во однос на инвестициите. тие обезбедуваат решенија за финансирање на компаниите и поединците кои бараат пристап до фондовите на пазарот на капитал, можат да ви помогнат да го финансирате вашиот проект или да го проширите вашиот бизнис .. Контакт преку е-пошта :::: Исто така Lfdsloans@outlook.com или напишете на whatsapp Број на + 1- ( 989-394-3740)
ReplyDelete