„Смилувај се господарке моја!
Ме искара бабичката стара,
немам мира во староста своја;
таа ново корито бара -
нашето е искршено цело...“
Ме искара бабичката стара,
немам мира во староста своја;
таа ново корито бара -
нашето е искршено цело...“
Но зарем мислевте дека старицата ќе се задоволи со само едно корито? Се разбира дека не!
„Простак еден, будалиште бедно!
Сал корито нашол да ѝ бара!
Од корито каква полза вредна?
Ај врати се, старуштио стара,
од рибата барај куќа една!“
Сал корито нашол да ѝ бара!
Од корито каква полза вредна?
Ај врати се, старуштио стара,
од рибата барај куќа една!“
И доколку си помисливте дека нашата старица се задоволи со ова, повторно сте се излагале.
„Будалиште, тешка бедо една!
Сал куќарка нашол да ѝ бара!
Пак врати се кај рибата вредна
поклони се и речи ѝ вака:
јас селанка нејќум да сум бедна -
властелинка сакам да сум јака!!!“
Сал куќарка нашол да ѝ бара!
Пак врати се кај рибата вредна
поклони се и речи ѝ вака:
јас селанка нејќум да сум бедна -
властелинка сакам да сум јака!!!“
Но, зарем повторно помисливте дека ова е крај? Човекот се навикнува на луксуз, па и бабичката. Таа повторно нешто ќе бара, а вие ќе дознаете што доколку ја препрочитате книгава. Што ќе се случи на крајот ќе видете - зошто ве уверувам дека нема да биде „Си живееја среќно, до крајот на својот живот...“ Сега знаете дека сите бајки не завршуваат исто!