Wednesday, September 30, 2015

                                                 Лектира Оливер Твист

Деветгодишниот Оливер Твист  едвај преживува во сиропиталиште во една англиска провинција. Откако неколку пати ќе го казнат поради тоа што ќе побара уште храна, со надокнада од 3 фунти ќе биде предаден под заштита на писарот Соубери  Соубери е слабак кој не може да ги спречи својата сопруга  и подлецот Ноа Клејпол  да го малтретираат Оливер, поради што детето ќе побегне во Лондон. Таму го запознава врсникот Артфул Доџер  мудар џепчија и ситен крадец, кој му понудува помош и кров над главата.
Доџер краде за стариот Фагин  кој донекаде се грижи за децата кој работат за него и ги подучува на крадечките вештини. Тој слаткоречив и алчен човек, пленот грижливо го чува под даските во подот на старата куќа во сиромашниот дел од градот во кој живеат. Додека учи како мудро и неприметно да краде паричници и храна, Оливер се зближува со ексцентричниот Фагин. Фагин е партнер на подлиот Бил Сајкс  опасен криминалец за кој работат проститутките Ненси  и Бет  Кога Доџер во една акција ќе го украде паричникот на стариот господин Браунлоу сомнежот паѓа врз Оливер кого набрзо го апси полицијата. Браунлоу е добар и благороден човек кој верува во тврдењето на Оливер дека е невин, и одлучува да му помогне. Додека момчето ужива во гостопримството на г-дин Браунлоу и неговата слугинка Бедвин Сајкс и Ненси ја дознаваат адресата на Оливер и одлучуваат да го киднапираат.

No comments:

Post a Comment