Wednesday, September 30, 2015

                                                         Лектира Бојан

И повторно продолжувам со статии со кои сакам да ве потсетам на вашите основни училични денови, се надевам дека со нив малку ќе ве „одморам“ од статиите за Агата Кристи. Замислете дека се наоѓате некаде на планина, да го гледате залезот на сонцето, а в раце да ви е оваа книга. Се работи за младото момче Бојан, кој што еден зимски ден доаѓа да го посети својот дедо, чија колиба се наоѓа на највисоките падини на планината Грамадна. Но, дедо му неколку дена мора да замине долу во градот за да заврши неколку работи, па Бојан останува сам да се грижи за коод мал, додека сите одеа некаде на одмор,  тој и летниот и зимскиот распуст ги поминуваше овде на планината.Таа беше негов втор дом, а неколку метри погоре живееше и неговиот друг дедо, дедо Иван. Иако мислеше дека сè ќе помине во ред, сепак не беше така. Во неколку наврати стоката беше нападната од глутница волци и тој беше приморан цела ноќ да чува стража и да бдее над стоката, која преплашено завиваше. Иако друштво му правеа храбрите песови Караман и Стрела, сепак неколку овци станаа плен на волците. Тој мора да се бори и против снегот кој без престан паѓа и сè повеќе му пречи да ги извршува секојдневните обврски. Својата упорност ја „истура“ врз дебелиот трупец, со кој води секојдневна борба, во обид да го расцепи. Во меѓувреме го посетува и дедо Иван, кој што е многу среќен што сред оваа тешка зима неговиот храбар внук дошол да го посети. Бојан го поминува и најсилниот тест, копнежот кон својот дом и својата мајка. Неколку дена има и  голема треска, но сепак не се откажува и како херој го дочекува дедо си, кој поради големите снежни наноси, подолго мораше да остане долу во селото.
Романот има и втор дел, кој се случува кога студената зима ќе помине и ќе дојде пролетта. Тогаш на планината доаѓаат и луѓе од градот, меѓу кои Денко, кој подоцна станува најдобар пријател на Бојан и Елена, мило девојче, кое буди симпатии кај Бојан уште на прв поглед. Тие тројца доживуваат многубројни згоди и незгоди, на кој единствен сведок е планината и врвот Орелска Чука, кој го освојуваат дури два пати.
Дали Бојан и Елена ќе си ја признаат меѓусебната симпатија? Како Денко ќе се снајде во животот на планината, зошто е навикнат само на удобноста во градот? Кој за секогаш ќе се прости од животот на Грамадна? И која е пораката што ја носи романот?
Па се надевам дека доволно ви раскажав, па затоа мислам дека вреди да ја прочитате книгата, а ако веќе сте ја прочитале повторно да се потсетите на неа и на природните убавини и преку страниците на оваа книга да го вдишите чистиот планински воздух. Уживајте!!!

No comments:

Post a Comment