Wednesday, September 30, 2015

                                   Лектира повикот на дивината

Во големата куќа во долината Санта Клар живеело кучето Бак. Тоа било величенствено животно. Бак живеел со лагоден живот. Со измама на еден слуга, Бак бил продаден на некој непознат човек. Непознатиот го качил Бак во воз и го однел далеку од неговиот дом. Бак повторно го продале. Неговиот нов сопственик бил владин службеник кој што превезувал пошта меѓу оддалечените места во Аљаска. Таму Бак за прв пат почувствувал снег и многу ниски температури. Влечел санки со останатите кучиња, превезувајќи пошта. Со оглед на тоа што бил храбар, успеал да се избори на чело на запрегата. Повторно ги сменил господарите. Новите господари не биле запознаени со терање на запреги со санки. Ги измачувале кучињата. Запрегата застанала покрај Џоновата куќа. Бак бил изнемоштен. Запрегата тргнала понатаму, но пропаднале во езерото. Бак останал да живее со Џон. Тој го чувал и негувал, а Бак му ја возвраќал љубовта. Еднаш му го спасил и животот. Благодарение на Бак, Џон заработил илјада долари на облог. Џон и неговите пријатели со тие пари купиле алат за копање злато. Тргнале во дивината во потрага по злато. Пронашле злато, а кучињата за тоа време се одмарале. На тоа место бак го почувствувал повикот на дивината. Нешто го влечело се подлабоко и подлабоко во шумата. Тоа чувство го оддалечувало од неговиот најдраг господар Џон. Отишол во шумата и таму запознал помлад волк. Во него се разбудил нагонот за лов, па така уловил ирвас. Додека бил во шумата, логорот го нападнале индијанци и го убиле Џон. Кога се вратил Бак и видел што се случило, ги нападнал индијанците, а овие се разбегале од страв. Бак бил тажен и осамен. На езерото стигнал чопор волци и по куса борба Бак им се придружил. Се вратил на природата и бил потполно слободен. Но сепак, се раскажувала легенда во која ловците повремено можеле да видат голем пес-волк као седи до колибата на езерото и тагува по својот господар, а потоа се враќа во шумата.




No comments:

Post a Comment