Wednesday, September 30, 2015

                             Лектира Пат Околу Светот За 80 Дена

За која и да се одлучите секако ќе има милион аргументи и секако, секој одговор што ќе биде даден ќе биде точен, не се секирајте, не оценувам строго хаххаха.
Па,  мислам дека конечно време е да навлезам и да ви кажам нешто за книгата за импресиите што ги доживеав читајќи ја. Оваа книга дефинитивно ми е без маана и ми е една од моите омилени книги, ја знам како молитвата „Оче Наш“, а филмската адаптација на делово крајно ме разочара.
Во книгата станува збор за англиски џентлмен Филеас Фог, крајно интелигентен и секако, вложува енормна енергија за техничкиот прогрес на човечката цивилизација. Но, секакосекогаш на таквите генијални визионери некој им застанува на пат. ЗОШТО?
Е, тука веќе се влегува во заплтетот на делото. Се обложува со своите „пријатели“ од лондонскиот клуб дека ќе го помине светот за 80 дена, но не е само облогот во прашање, туку и човечката гордост која боли повеќе и од изгубените пари. На тоа патување со себе го зема својот слуга Паспарту и за иронијата да биде поголема Ф.Ф. е следен и е „извршител“ на кривично дело грабеж на најпозната англиска банка или навидум така му се причинило на детективот.
Ова дело покрај тоа што е крајно интересно, исто така би го класифицирала и како едукативно бидејќи дава маестрални информации за разните култури, географски предели, хемија, физиката, архитектурата, животинскиот свет, обичаите, историјата, едноставно како да имате енциклопедија пред себе или светот на дланка.
Дали Филеас Фог ќе го добие облогот или ќе го загуби?
Дали Филеас Фог е виновен или невин за кривичното дело грабеж на банка?
Дали да се биде бестрашен и авантурист е добро или не?
И за крај запомнете кога тргнувате на патување околу светот, тргнете кон исток.

No comments:

Post a Comment