Wednesday, September 30, 2015

                                          Лектира Улавите Години

Еве уште една книга од чии спомени се навлегува во детството...

Прекрасна приказна од раните години на минатиот 20-ти век во бивша Југославија. Во оригиналот е наречена „Магарешки години“, а во превод на македонски, „Улавите години“. Да, оваа приказна баш ги опишува тие луди години. Време на заљубување, скршени срца и нешто друго.
Локацијата е сместена во Босна, во интернат, а приказната е раскажана од аспектот на едно дете кое ќе биде дел од „конвикташите“.
Посебно време им се посветува на неговите другари, како на пр. Бајо и неговата „љубoв“ Зора, новодојдените близнаци и нивните легендарни авантури.
Дуле Дабиќ Ајдукот и неговата способност со клучевите, но и неговата постојана желба за храна, кој постојано употребува „Брате слатко“, безбројните доживувања кои ќе ги поминат во интернатот, во мир, сè додека не дојде војната.
Децата во оваа книга се преокупирани со проблеми на нивна возраст, како да го измамат професорот, или неговиот најдобар ученик, да ја уништат онаа „црна книга“ што им ги уништува нивните животи, нивната снаодливост и памет и огромен број на смешни моменти кои ја надополнуваат оваа книга.
На крајот од книгата е даден список на тоа каде и како го дале својот живот за слободата на својата татковина, а некои и можеби останале живи во војната...
Па, не двоумете се, земете ја книгата во раце и прочитајте ја повторно и обновете ги вашите спомени од детството.




No comments:

Post a Comment