Tuesday, September 29, 2015

                                            Лектира Итар пејо

Верувам дека на многумина ќе им заблескаат очите кога ќе ја забележат статијава и за миг ќе се сетат на оваа книга. Ова е уште едно врвно дело на Стале Попов, коешто плени со својата убавина, смелост и се разбира итрина.Итар Пејо е најпознатиот лик од македонските приказни, насекаде познат како Итроман Пејо или пак Итар Пејо Мариовецот. Тој е обичен сиромашен селанец кој живее во прилепското село Мариово. Итрината и снаодливоста го красат како ѓердан од врат па до пети. Со својата шегобијна мудрост, успешно им враќа мило за драго на сите оние кои што сакаат да му наштетат на некој начин или пак да го воведат во некоја неволја.Иако не се знае дали тој навистина постоел, иако многумина мислат дека тоа бил човек којшто живеел во мариовското село Градешница, сепак неговиот лик и до ден денес живее во нашите срца и спомени. Итар Пејо е вистински пример за тоа како со итрина можат да се решат многу проблеми и да се израмнат сметките со старите должници.
Итар Пејо, попот и алвата! Итар Пејо и мариовците! Итар Пејо и трите прилепски бежиња! Итар Пејо и Настрадин Оџа! Итар Пејо и берберот! Итар Пејо и заболекарот! - се само дел од најинтересните приказни за Итар Пејо и неговите итроштини.
Верувам дека со задоволство се потсетивте на оваа одлична книга, која верувам дека ве насмеала до солзи. Се надевам дека во блиска иднина повторно ќе се навратите на неа и ќе уживате во авантурите на Итар Пејо! Уживајте потполно во оваа книга и поминете незаборавни мигови...





No comments:

Post a Comment