Wednesday, September 30, 2015

                                          Лектира Белото Циганче

И се разбира не треба ни да ве прашам дали се сеќавате на оваа книга? Верувам дека да, а за оние кои што малку ја подзаборавиле содржината, ќе се потсетат преку статијава. Се разбира, ова е дело на Видое Подгорец, кој постигна голем успех кај младите читатели, токму со оваа книга.

Дејството се врти околу едно младо момче кое било напуштено за време на војната од своите родители. За среќа тоа е пронајдено од група Роми, кои што бегале од окупаторот. Иако момчето се викало Турано и немало речиси никаква врска со Циганите, сепак тоа ги почитувало нивните обичаи и научило како да преживее, плетејќи кошници, кои потоа ќе ги продава каде ќе стигне.

Иако не бил еден од нив, сепак тој ги сакал Циганите и не им судел ниту по бојата на кожата, ниту пак по карактерот што го имале. Иако бил многу срамежлив, сепак имал многу пријатели - Цигани. Тој е вистински пример за тоа како не треба да им судиме на другите луѓе, поради тоа што на некој начин се поразлични од нас.

Но, сепак имало и такви луѓе на кои воопшто не им се допаѓал, па затоа го нарекле „белото Циганче’’, Таруно деновите пред сè ги минувал во плетење кошници од трски и прошетки со својот убав бел коњ, по име Мишо. Иако бил сосем сам, сепак не можел да се пожали. Живеејќи заедно со Циганите, иако немал луксуз и живот на висока нога, сепак тој имал сè - храна, покрив на главата и пред сè љубов и заштита. Сите нив ги сметал за свое семејство. Негов старател бил еден од најстарите Цигани, Баба Мулон, кој го одгледал како свое дете и му помогнал да стане добар, вреден и умен човек.

Покрај многуте удари што му ги задала судбината уште од многу мал, сега Таруно мора да се соочи и со еден од најсилните - смртта на неговиот „татко’’, Баба Мулон. На овој начин приказната станува уште потрогателна, отколку што веќе е...

Се надевам дека се потсетивте на оваа прекрасна книга, којашто верувам дека го одбележала сечие детство.  Доколку е така без размислување повторно препрочитајте го во блиска иднина. Уживајте!

No comments:

Post a Comment