Tuesday, September 29, 2015

                                                      Лектира Малиот Принц

Возрасните се многу чудни. Возрасните несомнено се многу смешни. Така изгледаат тие во очите на децата. Погледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична.Читајќи ја книгава ќе се запрашате кој е попаметен – децата или возрасните?
Малиот принц беше лектира за четврто одделение. Не знам чија “брилијантна” идеја било тоа, но кој и да бил, сигурно не ја видел длабочината и мудроста содржана во неа.Едно дете секако не би ги сфатило сите метафори на Малиот принц.Ова навистина изгледа како сказна за деца со наивни цртежи, но тоа е книга за возрасни – во неа ќе видат што сè заборавиле низ годините: заборавиле да се радуваат, заборавиле да ги забележуваат сите убавини на светот, заборавиле да се восхитуваат на цвеќињата, на ѕвездите и деновите. Заборавиле да се чудат и да прашуваат. Кога некој нешто ќе ги запраша, даваат нејасни одговори, зборуваат за нешто сосем друго.
Малиот принц никогаш не се откажува од своите прашања. Светот на возрасните е полн со кралеви кои сакаат да даваат наредби, вообразеници кои сакаат само да бидат обожавани, пијаници кои пијат за да го заборават срамот од пиењето, бизнисмени кои се толку зафатени со она што тие сметаат дека е важно, што забораваат на вистински важните работи... Да, возрасните се навистина многу, многу чудни.
Оваа сказна нè учи да се вратиме на вистинските вредности.
Еве ја сега мојата тајна. Многу е едноставна: човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.





No comments:

Post a Comment