Лектира Рибарот и Рипката
Оваа книга ми беше за лектира и навистина многу ми се допадна како помал.
Приказна во стихови за еден добар, вреден и искрен старец и неговата алчна жена. Старецот фаќа златна рипка која сака да му исполни три желби, но тој не прифаќа туку веднаш ја пушта.
Но, по карањето на старицата, тој е принуден да се врати и да побара нешто од златната рипка.
„Простак еден, будалиште бедно!
Не си можел да побараш смело
бар корито од рибата едно-
нашето е искршено цело!“
Не си можел да побараш смело
бар корито од рибата едно-
нашето е искршено цело!“
„Смилувај се господарке моја!
Ме искара бабичката стара,
немам мира во староста своја;
таа ново корито бара -
нашето е искршено цело...“
Ме искара бабичката стара,
немам мира во староста своја;
таа ново корито бара -
нашето е искршено цело...“
Но зарем мислевте дека старицата ќе се задоволи со само едно корито? Се разбира дека не!
„Простак еден, будалиште бедно!
Сал корито нашол да ѝ бара!
Од корито каква полза вредна?
Ај врати се, старуштио стара,
од рибата барај куќа една!“
Сал корито нашол да ѝ бара!
Од корито каква полза вредна?
Ај врати се, старуштио стара,
од рибата барај куќа една!“
И доколку си помисливте дека нашата старица се задоволи со ова, повторно сте се излагале.
„Будалиште, тешка бедо една!
Сал куќарка нашол да ѝ бара!
Пак врати се кај рибата вредна
поклони се и речи ѝ вака:
јас селанка нејќум да сум бедна -
властелинка сакам да сум јака!!!“
Сал куќарка нашол да ѝ бара!
Пак врати се кај рибата вредна
поклони се и речи ѝ вака:
јас селанка нејќум да сум бедна -
властелинка сакам да сум јака!!!“
Но, зарем повторно помисливте дека ова е крај? Човекот се навикнува на луксуз, па и бабичката. Таа повторно нешто ќе бара, а вие ќе дознаете што доколку ја препрочитате книгава. Што ќе се случи на крајот ќе видете - зошто ве уверувам дека нема да биде „Си живееја среќно, до крајот на својот живот...“ Сега знаете дека сите бајки не завршуваат исто!
No comments:
Post a Comment